Збор-два за кофеинот

Секој ден светот консумира околу 300 тони кофеин дневно, што е доволно за секој маж, жена и дете што живеат на планетава да се напијат една шоља кафе. Најголем увозник на кафе се САД, но најголеми ентузијасти во консумирањето на кафе по глава на жител се Финците со 12 kg кафе годишно по глава на жител. Ние Македонците го делиме 25-тото место со САД консумирајќи 4,2 kg кафе годишно по глава на жител.
Но, иако консумираме толку многу кафе, дали сме се запрашале што претставува кофеинот и зошто го има во зрната кафе. Епа, од хемиска гледна точка кофеинот е инсектицид што го создава растението за да се одбрани од напад на одреден вид на инсекти кои јадејќи од зрната кафе се парализираат и умираат. Но, иако технички кофеинот е смртоносен, концентрацијата во 1 зрно кафе е доволна да убие инсект од 1 грам, за да убие човек од 90 килограми тој треба да прими за секој килограм по 150 милиграма кофеин или вкупно 13 500 милиграми чист кофеин. Оваа количина кофеин преведена во шољи кафе изнесува 90, што значи дека треба да испиете една шоља кафе за секој килограм телесна маса за да има 50% смртност. Тоа е премногу кофеин и не е ни чудно зошто досега не е забележана ниту една смрт кај здрави личности од конзумирање кафе.

Деновиве очекувајте продолжение на постот за придобивките од кофеинот.

(1688)