Флаширана vs. Вода од чешма

Пиењето на минерална газирана или негазирана вода постана животен стил на „здравствено свесните“ луѓе. Таа повеќе не е луксуз и заради тоа ја има на секаде низ светот. Но, според некои истражувања, заради овој факт може да пати нашата планета.

Еден извештај, потенцира дека жедта на луѓето за флаширана вода произведува непотребно ѓубре и конзумира огромни количества на енергија, дури и во областите каде перфектно добра е водата од чешма.

Извештајот даден од Earth Policy Institute, кажува дека глобалната консумпција на флаширана вода е дуплирана од 1999 до 2004 со тенденција на уште поголемо зголемување. Таа денес изнесува од 115 до 134 милијарди литри годишно на глобално ниво.

Флашираната вода најчесто не е поздрава од водата од чешма ама затоа е 1000 до 10.000 пати поскапа. Таа може да биде дури и поскапа од бензинот. Ова екстра чинење на водата се должи на транспортот и пакувањето. Скоро ¼ од цела флаширана вода поминува една или повеќе државни граници. На пример една компанија за флаширање вода од Хелсинки, Финска во 2004 година испорачала 1,4 милиони шишиња Финска вода во 5000 километри далечната Саудиска Арабија. Друг добро познат пример се француските брендови Евиан и Волвик кои 60% се испорачуваат низ светот.

Извештајот ги става САД на прво место на најголеми консуматори на флаширана вода со 26 милијарди литри годишно. После нив се Мексико, Кина и Бразил. Италијанците се најголеми консуматори на вода по глава на жител и изнесува 2 чаши дневно.
Според некои големи компании, во развиените земји флашираната вода е поздрава од таа од чешма. Но, ова мислење е оспорувано од еколошките движења и организации. Советот за одбрана на природните ресурси по 4 годишно истражување на индустријата за флаширање вода објавува дека заради тоа што водата доаѓа од шише не значи дека е почиста или побезбедна од таа што доаѓа од чешмата. Една еколошка асоцијација од Њу Јорк додава дека 25% од флашираната вода е всушност „вода од чешма во шише“ некогаш додатно преработена некогаш воопшто не.

Во Велика Британија институтот за вода и управување со животната средина дава изјава дека „Брендирањето и флаширањето на водата во места каде веќе постои извор на здрава и исправна вода за пиење не може да претставува одржливо користење на природните ресурси“. Перцепцијата дека флашираната вода е почиста е неоснована. На пример „високиот процент на минерали во флашираната вода е нопогоден за бебиња и мали деца.

111

Но, Меѓународното здружение на флаширана вода вели дека флашираната вода е здрава бескалориска замена за пијалоците со високо ниво на шеќер, адитиви и кофеин. Од таму се додава дека таа е регулирана од државната агенција за сигурност во храна и лекови што гарантира сигурност во пиењето. Во меѓувреме, водата од чешма во многу земји во развој е недостапна или несигурна за користење, правејќи ја флашираната вода подобар избор.

 

Според ова луѓето сами треба да проценат дали ќе пијат флаширана или нефлаширана вода според нивната економска куповна моќ, местото на живеење и квалитетот на водата од чешма.

(1604)