ВИДЕО- Жителите во Косово сакаат да се ХИВ позитивни

Во следното видео може да видите како граѓаните на Косово одговараат дека со задоволство сакаат да бидат ХИВ позитивни. До каде ли оди човечката неинформираност?

 

Лавиринти на незнаење. Луѓето заглавени низ овие лаваринти го бараат краткиот пат. И не секогаш значи дека краткиот пат мора да значи рушење на препреките за да се стигне до целта. Некогаш ситните чекори не прават најбрзи.

hivprog

Сите држави треба да вложуваат во едукацијата на својот народ , особено за еден ваков феномен како што е ХИВ сида. Колку ли е невкусно вашата држава да се појави на скриена камера во една од повлијателните земји? Смеења и свиркања во Америка, а таму некаде од другата страна на екранот  во Косово луѓето „дебатираат“ за тоа кои се предностите да бидеш ХИВ позитивен и како тоа позитвното е секогаш подобро.

 

 

Да не дозволиме да ни се случи ова. Едуцирајте се !

Напишано од Ангел Димитриевски, како дел од обуката за граѓани новинари поддржана од фондација Метаморфозис

 

 

(244)