ВИДЕО: Обични луѓе испраќаат пораки за меланома

Дали имате 16 години или познавате некој кој што е на таа возраст? Погледнете го ова видео, споделете  и пренесете ја пораката за заштита од меланома.

Изјавите на група Американци и Канаѓани го прават ова видео извонредно и полно со емоции. Нагласуваат која е важноста во навремено откривање на меланомата особено уште во најраната возраст.

 

Имено, малигниот меланом е тумор кој настанува од меланоцитите, клетки на кожата кои ги обојуваат кожата и косата. Ова не е канцер кој едноставно може да се отстрани. Ова е канцер кој мора да се открие пред да се рашири низ органите и целото тело.

 

Меланомот може да го земе и најсилниот човек, најдобриот пријател и љубовта на твојот живот.

Раширете го ова видео во име на сите млади кои ја изгубиле битката, но уште повеќе во име на сите оние што ја добиле и ќе ја добијат.

Напишано од Ангел Димитриевски, како дел од обуката за граѓани новинари поддржана од фондација Метаморфозис

(354)